Финализирање на преговорите за името се топ тема во грчките медиуми, кои наведуваат детали од договор меѓу Македонија и Грција. Новото име на државата би било – Северна Македонија, erga omnes (за сите употреби). Ќе има измена на Уставот. Во новиот Устав во објаснување на терминот Македонија, ќе стои дека Македонците се потомци на словенските племиња кои пристигнале на Балканот во 7 век од н.е. Договорот предвидува: -Формирање на комисии за промена на учебниците; -Признавање на границите; -Измена на сите документи (лични карти, пасоши); Во Договорот стои дека Грција признава дека јазикот на земјата е “македонски” (јазик признат од 1977 година од страна на ОН), но тоа го прави со јасна дистинкција дека е дел од словенските јазици и нема врска со античка Македонија.
-Признаен е идентитетот на нацијата; -Дадени се временски распореди за сите неопходни чекори; Според информациите, Скопје сака да се направат промени во рок од две години, но, временскиот распоред е договорот е од 12 до 18 месеци. Што е со НАТО, ЕУ Договорот предвидува дека: 1) Грчкиот парламент ќе го ратификува договорот по референдумот во Македонија (т.е. доцна есен) 2) ЕУ: на 25 јуни, кога министрите за надворешни работи на држави-членки на ЕУ ќе даде одобрение за започнување на преговори на Македонија со ЕУ. Германија се обврза да ги убеди земји (Франција, Холандија итн) кои не се согласуваат со пристапувањето на Макеоднија .
3) НАТО: На 11 јули, покана за членство, но, поканата треба да биде ратификувана од страна на секоја земја, што значи дека уште еднаш на Грција (или друга земја) може да го блокира приемот. Деталите од договорот ќе ги соопштат двата премиери – Ципрас и Заев пред нациите. На решението се противи грчката опозиција, но и партиите од составот на владејачката колацијата. Панос Каменос за денеска, во 11 часот по грчко време, закажа прес конференција во партискиот седиште, што се толкува дека ќе го кажат својот став против овој договор за употреба на името Македонија. Грчките медиуми додаваат дека викендов би можело да се одржи средба во Мала Преспа меѓу двајцата премеиери, веднаш по завршувањето на официјалната посета на Заев на Германија, утре и задутре.