Подобро е да наврнете отколку да го изгубите животот- РСБСП со корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 10:30 AM

Подобро е да наврнете отколку да го изгубите животот- РСБСП со корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд

Променливото време и честата појава на дожд во одредени делови од денот може да биде многу непријатна за мотоциклистите. Имајќи предвид дека оваа е многу честа појава и многу мотоциклисти често се затекнати од дождот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ( РСБСП)  со корисни совети ги предупредува за мотоциклистите како безбедно да возат во услови на дожд.

„ Прво и основно е да се избегнува возење мотоцикл по дожд и влажни коловози  доколку нематаат неопходна потреба. Возењето мотоцикл на влажни коловози бара повеќе концентрација, искуство и вештини,  затоа да не управуваат мотоцикл на влажен коловоз  доколку не се соодветно подготвени.   Доколку, пак,  времето е променливо, добро да ја испланираат рутата и одберат места каде што може да се засолнат. Ако дождот е силен и пороен задолжително да направат пауза на првото место кое е соодветно за тоа. Еден од најважните совети е да ја намалат брзината и да возат многу бавно и внимателно и по цена да наврнат. Во услови на дожд и влажни коловози,  сите остатоци од масло, гориво  и нечистотии  го прават коловозот  лизгав, несигурен и небезбеден, велат од РСБСП.

Возачот на моторцикл треба да  ги избегнува местата  со насобрана вода кои под својата површина може да кријат кал, песок или чакал и на тој начин да  се  лизгаат тркалата на мотоциклот.

„Држете безбедно растојание затоа што сопирачкиот пат на мотоциклот е подолг на влажни коловози. Да носат водоотпорна заштитна облека и опрема. Почнувајќи од кацигата која не треба да се замаглува, па до оделото, ракавиците и чевлите, сите треба да се водоотпорни. Да носат облека која има флуоресцентни делови на неа, на задниот дел на мотоциклот да стават флуоресцентна лента за полесно дабидат забележани од останатите возачи.  Возачите на моторцикл пред да тргнат да возат на влажен коловоз  прво треба да размислат дали имаат соодветни и добри гуми. Доколку гумите се мазни тогаш најдобро е воопшто да не се обидуваат да возат на влажен коловоз, .  Сопирајте постепено, забрзувајте постепено, свртувајте постепено. Избегнувајте нагли дејствија, нагло запирање, забрзување и нагло свртување затоа што во такви услови веројатноста да дојде до лизгање на мотоциклот е голема, советуваат од РСБСП и додаваат:

„ Внимавајте на патот. Белите линии на коловозот, влажните метални капаци на патот, кал и вода, во услови на дожд може да бидат поопасни и полизгави од мраз. Возењето мотоцикл бара многу знаење, енергија, вештини и стабилен карактер. Почитувајте ги наведените совети, тие се наменети за сите мотоциклисти а посебно се корисни за помладите и помалку искусни мотоциклисти“, велат од таму.

Апелот на  РСБСП е : Биди вистински мотоциклист, вози одговорно и секогаш носи кацига.   #БЕЗБЕДНОНАМОТОР  # НОСИКАЦИГА