Путин со дезинфекциски тунел се штити од коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 8:05 AM

Путин со дезинфекциски тунел се штити од коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин од Ковид-19 се штити со посебен дезинфекциски тунел низ кој мора да поминат сите кои му доаѓаат во посета во резиденцијата крај Москва. Специјалниот тунел штј го дизајнирала компанија чие седиште е во градот Пенза, е поставен во официјалната претседателска резиденција во Ново-Огарјево, пишува агенцијата РИА.

Снимка од тунелот што ја објави вчера РИА прикажува луѓе со заштитни маски како минуваат низ него додека од горе од страната ги прска „фина водена магла“, односно дизифекциско средство кое ја прекрива облеката на луѓето и секој изложен дел од телото.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, во април изјави дека сите кои се среќаваат со Путин мора да минат тестирање на новиот вирус. Според него, Путин целосно не ги исклучи директните контакти, туку ги минимизирал и сите се одвиваат зачувувајќи ја социјалната дистанца. Но. агенцијата потсети дека еден месец подоцна Песков објави дека е заразен со коронавирусот.