Двајцата лидери потпишаа документ, чија содржина ќе биде соопштена подоцна. Северно-корејскиот лидер Ким Џон Ун оцени дека по овој самит, минатото е заборавено.
Двајцата претседатели најнапред имаа 40-тина минути тет а тет средба, а потоа се одржа и состанок на двете делегации на највисоко ниво. Главна тема на самитот беше денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
Ова е прва средба меѓу претседатели на САД и на Северна Кореја.
Започна со срдечно ракување на двајцата претседатели и насмевки. Трамп веднаш порача: „Ќе имаме одлични релации, немам сомневање“.
„Не беше лесно да се дојде до тука, во минатото, практиките и предрасудите работеа против нас и имавме многу опструкции, но надминавме многу од нив и сега сме тука“, изјави северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој додаде дека многу луѓе ќе мислат дека ова се сцени од некој научно-фантастичен филм.