(Видео) Целото море е само наше- Празни грчките плажи, сведочат српските туристи кои ја поминаа границата – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 10:08 PM

(Видео) Целото море е само наше- Празни грчките плажи, сведочат српските туристи кои ја поминаа границата

Сè што српските туристи не можеа да го направат вчера во текот на денот, го направи денес една  мајка со две деца од Крушевац. Таа ја помина бугарско-грчката граница со автомобил и избања во Егејското Море со децата.

-Резервиравме летен одмор пред короната и по долго размислување решивме да заминеме. Особено бевме загрижени за  вчерашниот ден, бидејќи сè што се случи беше вистински хаос.  Но, јас не доживеав  ништо од она што го глдав на телевизија. Отидовме низ Бугарија за Грција и пристигнавме во Ханиоти. Чекавме на границата околу еден час, но немавме никакви проблеми. До нас, видов само уште два автомобили од Србија –изјавила туристката за blic.rs.

Колку и да сакала, не можела да остане непрепознатлива на долгата плажа во Ханиоти. Таа беше единствената што им зборуваше на децата на српски јазик. Единствената меѓу само десетина капачи.

– Децата и јас едвај чекавме да влеземе во морето. Ова е најубавата работа што ја доживеав за време на мојот летен одмор. Имам чувство дека морето е само наше. Вистински третман – се насмеала туристката.

Дека плажите се празни се убедиил и тимот „Блиц“, прошетале до  Пефкохори и на плажите на Касандра.

– Каде се Србите? –прашуваат  угостителите долж  напуштената километарска градска плажа на Касандра, на првот крак на Халкидики.

После десет часа чекање на границата, семејството Бијелиќ од Белград пристигнало во Ситонија. Драгана Бијелиќ за РТС изјави дека нејзиното семејство и околу 200 други туристи утрово пристигнале во Ситонија. Таа рече дека чекале неколку часа на границата меѓу Бугарија и Грција.

И таа сведочи дека плажите се празни и дека нема бариери меѓу туристите. На влезот на плажата е поставен асепсол, ако некој сака да ги дезинфицира своите раце. На снимките што ги испратила таа за rts.rs се гледаат целосно празни плажи и спуштени чадори. Таа  вели дека никој не побарал од нив да бидат тестирани, но дека оставиле податоци и броеви за мобилни телефони на границата.