Актерите Киану Ривс и Џонатан Фрејкс се меѓу славните кои им нудат на обожавателите можност да зборуваат преку апликацијата Зум за време на карантинот. Ривс нуди 15-минутен разговор на аукција за да собере пари за добротворна организација за деца со карцином. Во моментов максималната понуда е над 10.000 долари.
Од друга страна, на платформата за допишување со познатите Камео, за 166 фунти можете да купите десетминутен разговор со актерот од Ѕвездени патеки, Џонатан Фрејкс и со скејтерот Тони Хок.
Од Камео потврдуват дека има „многу заинтересирани“ за нивната услуга Зум, наречена „Камео во живо“, иако 31 славна личност се приклучија на платформата – од кои само четири се жени – од кога апликацијата започна да работи во неделата.
Оваа компанија, создадена во 2017 година, исто така понуди кратки снимени лични пораки на познати личности, вклучувајќи ги реалити вездите и спортисти, и секој од нив поинаку наплаќа за таа услуга.
„Камео во живо е многу сличен на пропусницата во бекстејџ на концерт или запознавање со давање автограм“, изјави портпаролот Брендон Касимир за Би-Би-Си.
Касимир рече дека услугите претставуваат мешавина од тоа обожаватели кои купат видео повик за нив или пријатели и дека компаниите плаќаат за такви услуги за разни настани.
Основачот Стефан Галанис изјави дека ѕвездите кои нудат снимени пораки успеале да ги урнат цените во просек за 27 проценти за време на карантинот.
„Се наоѓаме во чудна атмосфера во која секој спортист, актер или музичар всушност нема што да прави“, рече тој.
Текст: bbc.com
Фото: srbijadanas.com