Приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за коронавирус за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест Ковид-19.
Ова се наведува во дополнението, што го направи Владата во рамки на денешната 69-та седница, на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, соопшти владината прес-служба.