Најдобриот светски тенисер пристигна во Задар, Хрватска, каде што ќе биде одржано продолжението од Адриа турнирот откако првата „сесија“ беше одржана во Белград со голем успех и посета.
Нешто слично се очекува и во Задар, каде на Новак и Зверев ќе им се приклучи најдобрите хрватски тенисери, Марин Чилиќ и Борна Чориќ.
Новак на аеродромот во Задар беше пречекан од претседателката на Хрватскиот тениски сојуз, Николина Бабиќ, која беше гостин на Адриа турнирот во Белград.
Турнирот во Задар ќе биде свечено отворен во петок од 17 часот, после што Новак ќе игра егзибиција со другите звезди на турнирот, додела во сабота се очекуваат мечови од 12:00 часот, а во недела од 14:00.
Покрај во тенисот, публиката ќе ужива и во настапите на Џибони и Петар Грашо.
фото: telegraf.rs