По вчерашната агонија и повеќечасовното чекање на граница, денеска српските туристи кои патуваат со автомобили можеа да влезат во Грција, но пред влез во земјата ги тестираат за Ковид 19. Повторно долги редици на грчко – бугарската граница.
На граничниот премин поставени се пунктови за кои се прават брзи тестови за корона. Од друга страна, медиумите пренесуваат дека на граничниот премин Промахонас помеѓу Грција и Бугарија повторно е создадена гужва, втор ден по ред.
Грчката агенција АНА наведува дека возилата стојат во долга редица уште од рано наутро, а полицијата соопштила дека прави се што е во нејзина моќ за да ја намали гужвата на овој граничен премин.
Надлежните органи предвидуваат дека гужвата на преминот Промахонас ќе потрае цела недела, и дека најверојатно за време на викендот ќе биде зголемена.
Тимовите на Националната здравствена организација земаат податоците од патниците на овој граничен премин, додека некој помеѓу нив прават тестови на корона вирус.
Изборот за патници кои ќе се тестираат се прави случајно, а кај оние кај кои тестот ќе покаже дека се позитивни на корона вирусот ќе мора да поминат две недели во карантин, во склоп на здравствените протоколи.
Во сите земји на ЕУ денеска е голем хаос на граничните премини бидејќи границите се веќе отворени.