Во последниве 24 часа се евидентирани 11 заболени од коронавирус. Седум од нив се од Тетово, едно од Боговиње, а три се од државните карантини.
Во тетовскиот регион се евидентирани и 3 излечени лица од КОВИД 19. Едно од нив било на домашно лекување, а две на инфективната клиника. Две од трите позитивни лица на КОВИД 19 кои престојувале во државните карантини се од Тетово, а едно од Желино.
Од Центарот за јавно здравје Тетово и денеска апелираа да се почитуваат мерките и препораките на здравствените работници. Велат со олабавување на мерките се олабавија и граѓаните, затоа и вирусот во Тетово брзо се ширел.
Деновиве заврши вонредниот скрининг на населението во тетовско во кој беа опфатени околу 200 лица, меѓу кои како што рекоа од Центарот за јавно здравје Тетово имало позитивни случаи.
Зоран Димовски