Ќе стане ли дексаметазон прв лек за третман на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 2:20 PM

Ќе стане ли дексаметазон прв лек за третман на Ковид-19

Дексаметазон, ефтин и широко достапен лек, може да помогне во спасувањето на животите на пациентите кои се сериозно заразени со коронавирусот. Британските експерти велат дека третманот со ниски дози на стероиди е голем чекор во борбата против овој смртоносен вирус.

Дексаметазонот го намалува ризикот од смрт, кај третина од пациентите  на вентилатори и стапката на смртност е намалена за една петина кај оние пациенти кои се на конвенционални боци со кислород. Тестирањето беше дел од најголемото светско експериментално испитување на постојните третмани за да се види дали тие исто така делуваат и на Ковид-19, пишува Би Би Си

Доколку дексаметазонот бил достапен во Велика Британија од почетокот на пандемијата, се проценува дека би биле спасени околу 5.000 животи. Бидејќи е ефтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број на позитивни пациенти со коронавирус.