Одложено доделувањето на Оскарите – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 2:14 PM

Одложено доделувањето на Оскарите

Наредната година доделувањата на признанијата од Американската акадимија за филмски уметности и науки нема да биде одржана на 28 февруари, туку на 25 април, соопшти Академијата.

Предходно беше најавено дека е можно да дојде до одложување на церемонијата за доделување на Оскарите, а синоќа тоа и беше официјално потврдено од Академијата за филмски уметности и наука. Наредната година 93 доделување на најпрестижните филмски награди ќе се одржи на 25 април.

„Повеќе од еден век, филмовите имаа важна улога во нашите животи. Да не утешат, да не инспирираат и да не забавуваат во најмрачните времиња. Тие тоа го прават и оваа година. Се надеваме дека со ова одложување ќе  им овозможиме на филмските работници да ги дозавршат и успеат да ги презентираат своите филмови, да не бидат казнети за нешто на кое што не може да влијаат“ , изјави претседателот на Академијата, Дејвид рубин и извршниот директор Дауна Хадсон.

„Наредното доделување на Оскарите и отворањето на нашиот нов музеј ќе биде историски момент кој ќе ги обедини сите љубители на филмот од целиот свет“ , стои на крајот во соопштението.

Инаку, Музејот требаше да биде отворен во декември, но тоа е одложено за да терминот се поклопи со церемонијата на доделување на Оскарите.

 

 

извор : ртс. рс