Бисквити од овесни снегулки за вкусен и здрав оброк – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 2:02 PM

Бисквити од овесни снегулки за вкусен и здрав оброк

Здравите овесни бисквити се прават многу лесно, и за многу кратко време  – 15 минути. За овој вегански рецепт доволни се само три состојки: овес, путер од кикирики и банани. Откако ќе ги направите ќе може да изберете дали ќе ги консумирате за појадок или за ужина, но во едно сме сигурни дека ќе имате здрав и вкусен оброк.

Иако во вкусот потсетува на вообичаените десерти, тие се нутритивно многу богати. Слаткиот вкус се должи на зрелите банани, со што нема да имате потреба за користење на шеќер или некој друг засладувач.

Состојки:
2 зрели банани
1 шоља овес
¼ шоља путер од кикирики

Подготовка: Испасирајте ги бананите и помешајте ги со освесот и путерот од кикирики. Добро соединете ги состојките за смесата да биде изедначена. Формирајте десетина топчиња и наредете ги на плех покриен со хартија за печење. Совет плус: при поставување на плех, оставете доволно слобоен меѓупростор за да сите бисквити добијат убава златна боја при печење. Печете ги во рерна на средна температура околу десет минути. Кога ќе се изладат, бисквитите чувајте ги во затворен сад.

Наздравје!