Робин Шулц, Борис Брејча, Амели Ленс и Пол Калкбренер го предводат масивниот прв бран со над 40 изведувачи на ЕГЗИТ – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 1:57 PM

Робин Шулц, Борис Брејча, Амели Ленс и Пол Калкбренер го предводат масивниот прв бран со над 40 изведувачи на ЕГЗИТ

Дека Петроварадинската тврдина во Нови Сад ова лето ќе биде музичкиот центар на светот, потврдуваат и странските медиуми кои овогодишното издание на ЕГЗИТ Фестивал веќе го нарекоа историско. Големата прослава на дваесеттиот роденден во првата од неколкуте објави носи повеќе од 40 глобални и регионални ѕвезди чии ексклузивни настапи ова лето, од 13 до 16 август ќе ги посведочи целата планета.

Робин Шулц, Амели Ленс, Пол Калкбренер, Борис Брејча, „Артбат”, Нина Кравиц, „Тејл Оф Ас”, Блек Кофи и „Офенбах” ја предводат моќната програма сочинета од суперѕвезди кои својот пат до Нови Сад го потврдиаjа со воодушевување од фактот дека ЕГЗИТ повторно пронајде излез и стана најголемата фестивалска вест на годината! Двете главни бини, импресивниот „Меин Стејџ” и легендарната „Денс Арена”, заедно со прогресивната електронска бина „Но Слип Нови Сад” (No Sleep Novi Sad), во првиот бран ги вклучуваат имињата кои ги создаваа и поставуваа трендовите, кои го менуваа кодот на жанровите, со тоа често одбележувајќи ги, и тоа токму на тврдината, своите историски настапи.

Во август ќе бидат отворени најмалку 20 бини и зони ширум Петроварадинската тврдина, со намален вкупно предвиден број на посетители, на кои ќе им бидат достапни повеќе од 90% од вообичаените површини на фестивалот.