Сода бикарбона е одличен природен чистач, затоа одлично ќе ви послужи и за вашата машина за перење.
Ја освежува бојата
Додајте пола шољичка соде бикарбона во перењето кога ќе го сипувате вообичаениот прашок за перење. Сода бикарбона ќе ја направи бојата побела, а останатите бои посвежи.
Ја неутрализира киселината
Дамките од различни видови киселини може да дојдат на ткаенината по различни начини, како киселина од батерии, препарати за чистење толетната школка, повраќање, урина… Брги исперете ја дамката од киселина а потоа посипете ја со сода бикарбона за да ја неутрализира киселината и да ја спречите можната штета. Ако киселината веќе се исушила, може да ја неутрализирате со сода бикарбона предперење и ја ги спречите можните штети на машината.
Совет за восочните бои во машината
Ако восочните бои случајно се исперат од алиштата или имате дамка од нив на гардеробата, има надеж, без многу мака ги средите. Алиштата повторно исперете ги на најтопла вода, која е дозволена за ткаенината и додајте сода бикарбона, така што половина ќе ја наполните преградата за прашок.
Совет за стари ткаенини
Сода бикарбона може да биде многу делотворна кај чистење на дамките настанати од строста на ткаенината. Бидејќи е природен чистач, бојата на вашата стара ткаенина ќе биде освежена.
Омекнувач за ткаенини
Место оменувач, додајте сода бикарбона во текот на циклусот на испирање. Таа ќе делува како природен омекнувач и многу подобра опција е за оние со чувствителна кожа.
Непријатни мириси
Додајте сода бикарбона во водата за испирање иќе се решите од неугодните мириси.
Чистење на машината за перење
Ако случајно исперете мастика за жвакање или бонбон, кој се залепил за површината на шината на „бубањот“ , со помош на пластичен алат и смеса од вода и сода бикарбона можете нежно да ги тргнете од машината.