Научниците никогаш не создале толку брзо вакцина и прашање е дали некогаш од потенцијалните на крајот ќе се покажат како ефикасни.
Во Велика Британија оваа недела ќе започне тестирање на потенцијална вакцина како лек против коронавирусот на луѓето, кои ја развиле научниците од Имепријал Колеџот во Лондон.
Британската влада, која го поддржа Империјал со 41 милион фунти во пронаоѓање вакцина, соопштила дека 300 здрави луѓе ќе бидат имунизирани со две дози од вакцината.
Досега експерименталната вакцина која ја развил Колеџот Империјал е тестирана само на животни и во лабораторија и покажала дека создава многу високо ниво на антитела отколку што обично ги има кај заразените луѓе.
Многу научници предупредуваат дека пандемијата може да се спречи само ефикасна вакцина за која обично потребно е повеќе години.
Десетици потенцијални вакцини моменталнио се наоѓаат во рана фаза на испитување на илјада луѓе. Нема гаранција дека ќе успее, но има надеж барем некоја од нив да биде готова до крајот на оваа година.
Увиверзитетот во Оксфорд неодамна започна напредно испитување во кое е учествувале 10.000 волонтери, а Соединетите Држави се подготвуваат за уште повеќе тестирања во јули во кои ќе учествуваат 30.000 луѓе на кои ќе се тестираат различни потенцијални корона вакцини, вклучувајаќи ја и онаа развиена од Оксфорд, како и оние направени од американскиот Национален институт за здравје и биотехнолошката компанија Модена Inc. од Масачустец.