Ник Киргиос „распали“ по организтароите на US Open: Тие се себични! – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 11:42 AM

Ник Киргиос „распали“ по организтароите на US Open: Тие се себични!

Одлуката за одржување на овогодинешниот последен „Гренд Слем“ во Њу Јорк, се очекува да биде донесена денес, а според пишувањата на одредени медиуми таа гласи: одигрување на US Open позади затворени врати.

Последниот што се приклучи на познатите тениски асови, Новак Ѓоковиќ, Рафа Надал и Симона Халеп, кои претходно јавно негодуваа околу плановите за организаторите за одржување на турнирот во време на пандемија и во време кога Њу Јорк секојдневно брои огромни жртви, е контроверзниот Австралијанец, Ник Киргиос.

-Луѓето кои живеат во САД и кои форсираат одржување на „Слемот“ се себични. Од Австралија ќе тргнам облечен во скафандер и потоа на враќањето од Њу Јорк, ќе морам да одам на двонеделен карантин, напиша Киргиос на својот Твитер профил.

Правилата во Австралија, како и во многу дриги земји налааат задолжителен карантински период по враќање во државата. Домот на US Оpen, Њу Јорк, е еден од најголемите жаришта на коронавирусот, а досега од него се починати повеќе од 30.000 луѓе.

Ѓоковиќ претходно кажа дека условите се малку екстремни, а Надал не изрази желба за одбрана на титулата на овој турнир.