Платформата „Дома си е дома“, која е наменета за доделување на ваучерите за туризам, од денес е со нова фотографија. Министерството за економија реши да ја замени, бидејки од промовирањето до денес критиките на јавноста не престанаа, поради тоа што промовирањето на домашн туризам со локалитет од странство. Новата фотографија која ја дистрибуираа од Министерството за економија, но не обајснуваат од кај е новата локација.
Старата фотографија, со локација од странство
„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализирам мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е превземена со сите авторски права“, велат од министерството и додаваат дека преку оваа платформа акцентот се става на промовирање на туристичките потенцијали во државава и дека ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде граѓаните ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам.
Од денес, пак, почна и регистрирањето на домашните сместувачки капаацитетети кои ќе можат да ги користат граѓаните со ваучерите во износ од 6.000 денари.