Редок примерок на гигантски бурмански питон деновиве во мочуриште на Флорида пронајде Мик Кимел. Досега тој уловил стoтина питони, но никој не бил подолг од три местри. Овој, пак, беше долг пет метри и тежок 70 килограми.
„Моето срце почна да чука брзо. И порано ловев големи змии, но оваа беше ептен голема“, вели Кимел, а пренесува СНН.
По кратка борба и едно сериозно каснување од змијата што го претрпел, тој успеал да ја фати главата на питонот и да го одвлечка во својот чамец, каде што го евтаназирал.
Питоните во тоа мочуриште се инвазивен вид што таму почнал да се појавува пред повеќе од три децении поради неодговорни сопственици, кои ги купувале мали како домашни миленици, а кога ќе пораснеле ги пуштале во природа. Исто така, овде прибежиште нашле и mногу питони избегани од големо одгледувалиште во 1992 година за време нa ураганоt Андреј.
Според официјалните податоци на Комисијата за заштита на риби и диви животnи, најголемиот питон што досега е уловен на Флорида бил долг 5,6 метри.