Oбрадовиќ може да остане, но буџетот веќе не може да ни биде 30 милиони, вели претседателот на Фенербахче – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 8:58 AM

Oбрадовиќ може да остане, но буџетот веќе не може да ни биде 30 милиони, вели претседателот на Фенербахче

Претседателот на еден од најголемите европски кошаркарски колективи, Али Коч, се надева дека трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ ќе остане во клубот и покрај најавената редукција на буџетот, а со тоа и објасни уште еднаш дека Фенербахче нема да троши оваа сезона како изминатите.

Во минатиот период се појавија разни шпекулации за иднинаната на најуспешниот европски тренер, откако и тој самиот изјави дека Фенербахче нема пројавено интерес за продолжување на неговиот договор.

-Обрадовиќ сега има средба со Семих Озсој и Маурисио Џералдини. Ние двајца ќе дискутираме утре и ќе ги објавиме плановите за следната сезона. Реков и претходно и ќе повторма уште еднаш. Обрадовиќ може да остане со нас колку тој сака. Но има уште една работа. Нашиот буџет повеќе не може да изнесува 30 милиони следната година. Ако сака да остане под тие услови, тогаш ние би биле пресреќни, бидејќи сакаме да бидеме водени од него, изјави Коч во интервју за „FB TV“.

Коч дополни дека една победа во Евролига вреди 68.000 евра, сума која не ги „покрива“ ниту трошоците за патување на тимот. Освојувањето на лигата вреди еден милион евра. Но престижот да се биде шампион на Европа би бил доволен за него и неговите амбиции.