Дали во секоја кашлица се препознава болест? – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 11:00 AM

Дали во секоја кашлица се препознава болест?

Мал тим истражувачи од Универзитетот во Мичиген во САД откриле дека не е можно да се утврди заболување на една личност само од неговата кашлица, објави Медикал експрес. Резултатите од студијата беа објавени во списанието на британското кралско друштво.  Досега истражувањата откриле дека луѓето можат да препознаат одредени болести со надворешни знаци. На пример, црвен нос, од кој постојано се лачат секрети, црвени очи и замор се симптоми на настинка. Треска, потење и исцрпеност се знаци дека некое лице може да има грип. Способноста да се ориентирате по овие симптоми им овозможува на луѓето да ги избегнуваат болните за да не се разболат самите. Но, што е со кашлицата?

Силна, долга, влажна кашлица со спутум обично се перцепира како симптом на болест за разлика од брза и “чиста”, остра кашлица. Значи, кога ќе слушнат нечија кашлица, луѓето брзо  проценуваат дали некое лице е болно или не, а сето тоа само врз основа на звукот на кашлицата. Ова е чест случај, особено сега, за време на пандемијата „Ковид-19“.

Сепак, студијата покажува дека оваа проценка може да биде погрешна. Истражувачите следеле доброволци за да откријат дали навистина се прави разлика помеѓу кашлица за чистење на грлото и кашлица како симптом на болест. Авторите нашле голем број на видеа на Јутјуб на кои луѓе кашлале и им ги покажале на 200 волонтери, кои ги гледале индивидуално. Секој учесник морал да утврди дали кашлицата во секое од видеата е предизвикана од болест или едноставно кашлица за да се расчисти грлото. Се покажа дека испитаниците ја знаеле причината за кашлицата во само половина од случаите.

Извор: здраве.то