„Грција мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите со трети земји. Ова исто така важи и за патниците од Србија“, се вели во соопштението од грчката влада.
Во изјавата што ја добија српските туристички агенции доцна попладне, дополнително се наведува дека туристите од Балканот ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1 јули, јавуваат белградските медиуми.
Претходно беше објавено дека српските граѓани можат да патуваат во Грција само преку Бугарија од 15 јуни.
Сепак, објаснувањето не го спречи бесот на српските туристи кои поминаа по над илјада километри до грчката граница и мораа да се вратат назад дома.
Се зголемува бројот на разочарани и лути туристи, кои биле вратени од грчката граница заради ненадејната одлука на Атина. Еден од нив поминал 1.600 километри и, како што вели, повеќе не планира да плива во грчкото море, затоа што е огорчен од начинот на кој било направено.
– Што се однесува до мене, залудни се 1.600 километри. Збогум Грција засекогаш – ова е крајот на пораката од гостин од БиХ, објави лут турист на Фејсбук.
Иако беше објавено дека граѓаните на Србија ќе можат да патуваат во Грција од 15 јуни, таа земја ја промени својата одлука „преку ноќ“, која ја објави во тамошниот Службен весник.
Српските туристи не можат да веруваат дека сè уште нема објаснување, а не пак извинување.
– Тие не сметаа дека е потребно да се информираат за промената на одлуката, но тие дозволија луѓето да патуваат со часови и да бидат вратени од границата. На 20 мај премиерот Мицотакис рече дека границите ќе бидат отворени за српските туристи на 15 јуни и дека тоа биле туристи кои отсекогаш биле лојални на Грција дури и во најтешките времиња. И еве како се вратија на крајот, реагираа српските туристи.
Српскиот министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека е испратено официјално писмо до грчките власти за условите за преминување на нивната граница за српските граѓани, и додаде дека се очекува одговор во текот на денот. Како што вели тој, Србија доби ветување од надлежните во Атина дека границите ќе бидат отворени за нашите туристи од 15 јуни.
Меѓутоа, од Грција вечерва пристина кратко објаснување дека мора да се почитуваат правилата на ЕУ, кои не дозволуваат влез на граѓани на Западен Балкан до 1 јули.
Република.рс