Да сопрат уличните убиства – порака од протестот во Ново Лисиче – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 9:39 PM

Да сопрат уличните убиства – порака од протестот во Ново Лисиче

Казната затвор од три години на скопјанецот А.Т. (18) кој беше осуден за убиството на улица на 17-годишниот Никола Христовски, ги извади на протест граѓаните на Скопје.

Под мотото „Правда за Кољо“ протестираа против благата казна за убиецот на младиот Никола, со барање за се стави крај на уличните убиства.

-Сметам дека некој ако носи нож со себе може само да нанесе повреди. Тие да бидат смртоносни, телесни, доживотни инвалидности итн. Тој не бил случајно најден во моментот кога тие се бореле, во моментот да му се најде тоа орудие па да се одбранил. Тој со себе го носел, го извадил и смртно го прободел Никола, кажа таткото на денешниот протест.

-Ова е повик за правда. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем.Бараме правда за  Никола Христовски – Кољо.Бараме да се воспостави систем кој ќе стави крај на уличните убиства, повикуваа организаторите на протестот.