Владата побара Пендаровски да прогласи 8-дневна вонредна состојба – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 9:06 PM

Владата побара Пендаровски да прогласи 8-дневна вонредна состојба

Владата на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни.

-Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава, соопшти владината Прес служба.

Ова барање уследи по договорот Парламентарните избори да се одржат на 15 јули.