Кога ќе се спомене македонската компанија Витамика, асоцијацијата е на производите како Стоби флипс, Витанез, Цевитана, Атлантис, Бонитас, Деспина, Фрути, Кечап Витаминка. Во најнова фаза во работењето, во своето големо семејство го вклучува и производството на маслото за јадење Брилијант. Меѓутоа, кога ќе споменат македонски производи, Витаминка во својот асортиман има дури 400 типови пакувања во продажба. Прилепската компанија има повеќе групи производи од сопствено производство во сегментот чоколада, супи, прашкасти зачини, кекси, пелети со широка лепеза на вкусови, програми за производи за предјадења, додатоци за јадењата, десерти, производи за ужина.
Основни факти за Витаминка
Прилепска Витаминка е компанија што на многу начини се поврзува со македонската економија и секојдневие. Постои скоро седум децении и според обемот на работа, бројот на вработени, извозот, производственото портфолио односно присутноста на пазарот, претставува еден од најзначајните стопански производствени субјекти во земјава.
Со постојаното развивање нови производи и со збогатување на пазарот, Витаминка е лидер создавајќи ги новите трендови и тенденции. Паралелно со зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар,
Уште неколку факти за Витаминка:
- Производите на Витаминка се присутни во повеќе од 30 земји каде што моментално пласира околу 47% од своето годишно производство.
- Продажбата на производите на Витаминка во Македонија лани достигна 23,3 милиони евра, a
- Извозот во 2019 година изнесува 16,3 милиони евра и бележи континуирано зголемување секоја година.
За да е стигне до овие бројки, работењето на оваа компанија е проследено со континуирани инвестиции во нови производи и проширување на портфолиото, а следствено и во производните процеси, нови современи машини и во обучен и образован кадар. Големата присутност на Витаминка на продажните полици, како и скоро во секој дом од државата, пред сè се должи на квалитетот на производите, високиот стандард и препознатливиот вкус сите овие години. Витаминка воспостави нераскинлива врска меѓу потрошувачите и граѓаните.
Произведува, продава, ама и дава
Витаминка е, исто така, општествено одговорна компанија со постојани вложувања и донации во развој на заедницата, спортот, културата, едукацијата како и во проекти за заштита на животната средина. Од почетокот на здравствената криза, компанијата донираше повеќе од 80 илјади евра, пред се во здравствениот сектор, преку финансиска помош, медицински средства и средства за заштита. Дел од донациите, реализирани преку здруженија и организации, беа за социјално загрозените семејства како и граѓани со особен ризик.
Во критичната ситуација, Витаминка беше и една од компаниите што ја покажаа својата големина ставајќи се во функција на државата и граѓаните. Преку работата, активностите и дејствувањето ја покажа својата солидарност и кон вработените и кон целата заедница и го даде својот придонес за што полесно и побрзо справување и поминување на вонредната ситуација.