Српските туристи, како што во моментов стојат работите, сепак, нема да можат да влезат во Грција до 1. јули!
– Оваа одлука е објавена во грчкиот Службен весник и веднаш стапила на сила. Во разговор со српскитиот државен врв, грчки официјални лица ветиле дека за Србите границата на Грција ќе биде отворена на 15 јуни. Ова претставува големо изненадување за нас. Ќе видиме што ќе се случи понатаму, рекол министерот за трговија,туризам и телекомуникации,Расим Љајиć за српски Курир.
Српските туристи утрово тргнаа на пат за Грција, преку Бугарија и на границата со Грција, кај граничниот премин Кулата се сличи колапс, каде чекаат во колона дури и до 15 километри, бидејки грчките гранични рампи се спуштени.
Овој датум не важи, односно во Грција може да влезат само Србите кои имаат пасош од ЕУ држава или дозвола за престој во некоја од земјите на ЕУ, додека останатите државјани на Србија или друга држава надвор од ЕУ, нема да можат да влезат во Грција. Полициски службеник во телефонски разговор рекол дека граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција од 1. јули, пишува Еспресо.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3085121244902379&set=a.866478263433366&type=3&theater