Messenger добива можност за препознавање на лица – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 2:39 PM

Messenger добива можност за препознавање на лица

Апликацијата на Facebook за испракање пораки тестира нов начин за заштита на истите. Корисниците на Messenger  наскоро, најверојатно ќе може да користат биометриска технологија, односно Face ID или Touch ID функција( во зависност од уредот) како нов начин на заштита.

– Сакаме да им овозможиме на корисниците повеќе избори и контрола како би можеле да ги заштитат своите приватни пораки. Почнавме тестирање на функцијата која овозможува отклучување на апликацијата со помош на подесување на уредот, велат од Facebook.

Поддршка за Face ID и Touch ID  минатата година доби можност и апликацијата WhatsApp, која исто така е во сопственост на Facebook.