Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозоциската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.
– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.
На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.
Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба амо за изборите.
-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.
Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.