Познатата американска поп пејачка, Тејлор Свифт, бара перманентно отстранување на сите споменици кои слават и воспеваат историски фигури што направиле зли дела во нејзиното родно место Тенеси.
-Едвард Кармак и Нејтан Бредфорд Форест биле зли личности во нашата историја и како такви треба да се третираат, напиша Свифт на нејзиниот Твитер профил.
Ваквата реакција на пејачката доаѓа по масовните отстранувања и оштетувања на спомен обележја и симболи во Соединетите Американски Држави, кои се резултат на големите протести на афроамериканското население по убиството на Џорџ Флојд. Демонстрантите ги соборуваат спомениците како оној на Кристофер Колумбо, со објаснување дека секој што низ историјата негувал расистички наратив и делувал на тој начин, не треба да заземе место во сегашноста на мултикултуралната Америка.
-Статуата на Едвард Кармак стоеше на градскиот плоштад, а демонстрантите ја откорнаа минатата недела. Државата веднаш реагираше и стави нова на истото. Кармак бил расист и уредник на весник кој застапувал такви ставови. Заменувањето на неговата статуа е губење на непотрбени средства и губење на можноста да се направат вистински нешта, додаде пејачката.
Вториот историски лик за кого јавно зборуваше Свифт е Нејтан Брредфорд Форест, брутален трговец со робови и еден од основачите на „Кју Клукс кланот“, кој во текот на Граѓанската војна масакрирал стотици афроамериканци во Мемфис.
Тејлор Свифт исто така побара ретроактивно променување на статусот на луѓето кои живеат со векови на тлото на САД и еднаков третман на сите малцинства во земјата.