Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19
Во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г).
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241. Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 1900, активни 1239
- Куманово 645, активни 225
- Дебар 61, активни 10
- Штип 244, активни 202
- Прилеп 230, активни 20
- Тетово 429, активни 253
- Струга 136, активни 58
- Велес 153, активни 30
- Битола 34, активни 7
- Охрид 72, активни 54
- Кавадарци 7, активни 2
- Гостивар 69, активни 44
- Гевгелија 8, активни 4
- Струмица 9, активни 6
- Крива Паланка 10, активни 4
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 55, активни 24
- Пробиштип 11, активни 9
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 3, активни 1
- Пехчево 5, активни 2
- Берово 2, активни 1
- Валандово 4, активни 3
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 3, активни 1
- Свети Николе 10, активни 9
- Кичево 3, активни 1
- Ресен 25, активни 24
- Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 841 тест се преку: ИЈЗ –488 , ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –0, Биотек –0, Систина со PCR метода –105, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори) -131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори). Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид -19.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.