Еден е од асимптоматиските случаи, но Никола Јанковиќ, центарот на белградски Партизан е првиот кошаркар во АБА лигата кај кого е дијагностициран коронавирус.
По завршувањето на сезоната, Јанковиќ планирал да патува и да оди на летен одмор во странство и согласно процедурите и протоколите за патување, направил тест за коронавируст кој се покажал како позитивен. Центарот е во самозиоација, а колегите и соиграчите од клубот во најкус можен рок ќе бидат превентивно тестирани.
Јанковиќ оваа сезона под палка на италијанскиот стратег, Андра Тринкијери, имаше солидна сезона и беше многу важен дел од ротацијата во АБА лигата и Еврокупот.