Ново загадување на Вардар низ Велес, лебдат големи мрсни дамки а се чуствува и неподнослива миризба на нафта – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 10:00 AM

Ново загадување на Вардар низ Велес, лебдат големи мрсни дамки а се чуствува и неподнослива миризба на нафта

Големи мрсни дамки утрово лебдат на површината на водата во река Вардар, по течението низ Велес. Нив први ги забележале рекреативците кои рано наутро слободното време го минат во централниот Градски парк. Тие ја испратија фотографијата.

Освен што водата ги носи дамките по течението има и стравична смрдеа на нафтени деривати што се чувствува не само по должината на брегот туку и во паркот, пишуваат рекреативците.

Фотографијата , според нив, е направена во 7 часот и 20 минути.

На неа можат да се забележат големите мрсни дамки на површината на водата. Тие укажуваат дека најверојатно станува збор дека се истечени од некоја фирма.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски знае за појавата на загадувањето на водата во реката. Тој за еден час најави дека ќе даде изјава откако инспекторите од Одделението за заштита на животна средина излегле на терен и ја утврдиле фактичката состојба.

Првично станува збор за загадување што го предизвикала фабриката за масло „Благој Ѓорев“.