И во Југославија, а и денес во Македонија, полициските возила уште ги викаме „Марица“, но ретко кој знае зошто е тоа така. Многумина мислат дека тоа е балкански термин веројатно, иако нелогично, поврзан со името Марица.
Но, „прекарот“ на полициското комби доаѓа од САД, од англискиот јазик. Се работи за сопствено име на една жена – Блацк Марие, што во превод би значело Црна Марица. Таа некогаш во пристанишниот град Бостон држела морнарска крчма. Била црномуреста, крупна и силна, па, при честите инциденти меѓу гостите во крчмата, им помагала на полицајците уфрлувајќи ги пијаните престапници од својот локал и од околината во полициско возило.
Вистинското име и’ било Марие или Мариа Лее (Марица, односно Марија Ли). Во многу земји полициските возила и денес ги нарекуваат според таа легендарна кафеанџика од Бостон, пренесуваат светски и балкански медиуми.