Руските хотели ќе почнат да пријавуваат, а и ќе бараат објаснување при пријавувањето, нерегистрирани парови во иста соба, пишува „Росијскаја газета“.
Според препораките, гостите треба да бидат сместени во единечна соба или соба за семејство . Така хотелите треба да докажат дека нивните клиенти имаат семејни односи.
„Препораките се утврдени за хотелскиот бизнис и товарот за докажување на брачниот статус е во целосна одговорност на хотелот. На луѓето кои заедно доаѓаат на одмор за време на приемот нема да им бидат побарани документи за потврда на бракот“, објаснуваат надлежните.
Препораките да не се сместуваат лица кои не се во контакт едни со други во секојдневниот живот се со цел да се избегнат дополнителни ризици од инфекција преку близок контакт.