Грција ќе ги отвори своите граници за туристите од Србија вечер,( 15 јуни), во 23 часот, но сите патници кои ќе влезат во таа држава, а кои се сомнителни, ќе бидат однесени на брзо тестирање за коровирус. Според грчките власти, сè додека не бидат готови резултатите од тестот, туристите ќе бидат ставени во карантин. Во најдобар случај, за резултатот ќе се чека еден ден. Во случај тестот да покаже дека туристот има кророна, нема веќе летување за него. Тој ќе помине 14 дена во специјален хотелски карантин, кој ќе го чува полицијата!
Солени казни
Дека ситуацијата воопшто не е наивна, потврдува фактот дека Грците подготвиле цели хотели во кои ќе бидат сместени туристи заразени со корона, како и бројни рестриктивни мерки за плажи и сместување, па дури и казни од 150 евра за не носење маска во затворени простории.
Низ Македонија, пак, за време на транзитот, туристите не смеат да го напуштат автопатот. За тоа ќе потпишат писмена изјава на влезот,на Табановце, а потоа ќе ја предадат на Богородица. На тој начин, полицијата ќе има увид точно колку време сте поминале во земјата. Ако се пресмета дека на возачите, почитувајќи ги сообраќајните прописи,им треба повеќе од три часа да ја напуштат македонската територија, оваа мерка практично значи дека нема да можат да направат подолги паузи и да се одморат. Доколку патниците ги нарушат дозволените пет часа транзит низ Македонија, полицијата веднаш ќе ги однесе во двонеделен карантин за кршење на прописите.
Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, за „Информер“ рекол дека, со оглед на бројните компликации и ризикот по здравјето за граѓаните на Србија, сепак е најдобро годишниот одмор да си го поминат во својата земја.
– Се уште има многу сомнежи, а вие сами можете да видите колку компликации ве очекуваат ако одите во Грција. Покрај сето ова, постои здравствен ризик да се заразите од коронавирусот. Имајќи ги предвид овие факти, единственото нешто што искрено можам да ги советувам сите наши граѓани е да го поминат годишниот одмор или барем дел од него во Србија. Тоа го советував дури и кога ситуацијата беше постабилна. Во вакви ситуации, навистина е најбезбедно да се биде близу до дома, односно во својата земја. Дека одморот во Србија е убав признание ни дадоа и странските туристи, и јас навистина не гледам причина нашите луѓе да не го поминат годишниот одмор во својата земја – истакна Љајиќ.
Поради лошите тестови и на здравите им се заканува карантин
Домашните експерти досега во неколку наврати предупредуваа дека брзите тестови не се 100 проценти точни, односно дека во дури 50-60 проценти од случаите даваат погрешни наоди за присуство на вирус во организмот. Специјалистот за заразни болести Жарко Ранковиќ вели дека брзите тестови што ќе се прават на туристите на границата не се никаква гаранција дека патникот не е заразен.
– Може да се случи тестот да покаже дека туристот е позитивен, а тој всушност тој не е, и поради тоа мора да го помине одморот во карантин. И обратно, турист кој е тестиран и е негативен може да биде заразен и да продолжи да ја шири инфекцијата во текот на одморот – објаснил Ранковиќ.