Трамп се закани дека нема да гледа фудбал ако играчите клечат за време на химната – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 8:40 PM

Трамп се закани дека нема да гледа фудбал ако играчите клечат за време на химната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да ги гледа фудбалските натпревари на Националната фудбалска лига, ниту пак американскиот фудбалски тим доколу играчите не стојат за време на инторинањето на химната.

Американскиот фудбалски сојуз минатата недела најави дека отстапува од своето барање сите играчи да треба да стојат за време на интонирањето на химната, наведувајчи дека ваквата политика била погрешна.

Инаку таквата политика беше усвоена во 2017 година откако фудбалерка на женскиот тим клекна за време на химната, во знак на солидарност со бекот Колин Кеперник, кој клечеше во име на расната неправда.

– Нема да гледам повеќе, наведе Трамп на твитер синоќа како одговор на постот на републиканскиот конгресмен Мет Гец, кој ја критикуваше ваквиот потег од американскиот фудбал, пренесува „Ројтерс“.

Комесарот на Националната фудбалска лига, Роџер Гуфел изјави дека лигата правела грешки што не ги слушала играчите и не го критикувала расизмот за време на протестите поради полициската бруталност во САД.