Земјотрес во Турција – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 6:45 PM

Земјотрес во Турција

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција, соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Сулеман Сојлу.

Според информациите повредени се три лица кога се срушила кула за набљудување, а причинета е незначителна материјална штета.

Сојлу на твитер напиша дека еден од чуварите останал заробен под рушевините, додека другите двајца се полесно повредени. Како што пренесува „Ројтерс“, епицентарот на земјотресот бил во областа Карлиов.