Потврдени 162 нови случаи со Ковид-19, починати девет пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 3:21 PM

Потврдени 162 нови случаи со Ковид-19, починати девет пациенти

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира пет оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.

Починати се девет лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62 г.), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 г.), хоспитализиран пред три дена. Во ГОБ „8 Септември” починаа пациент од Скопје (69 г.) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 г.) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 г.) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на возраст од 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 г.), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 г.) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 г.) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан постмортем.