Вработени во бифето на МВР заразени со коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 1:56 PM

Вработени во бифето на МВР заразени со коронавирус

Двајца вработени во бифето на Министерството за внатрешни работи, кои послужувале пијалоци се позитивни на коронавирус, дознава „А1он“.
Како што пишува „А1он“, а според кажувања на вработени во МВР, вработените во бифето последен пат биле на работа во петокот.

Бифето се наоѓа на четвртиот кат на зградата на МВР,  каде всушностсе наоѓа и канцеларијата на советникот на министерот Наќе Чулев, за кого министерот во средата соопшти дека е заразен со коронавирус.

Според извори на „А1он“, вработените од бифето имале контакти со лица на раководни позиции, а не се знае како се заразиле со вирусот.