Поради обвинувањата дека колачите „ „Moor’s Head“ се расистички, швајцарскиот трговски синџир „Мигрос“ повеќе нема да го продава популарните колачи Мачмалоу. Швајцарската компанија „Даблир“ веќе ги повлече слатките од своите продавници, поради обвинувања дека се расистички.
Во продавниците што го продаваат овој популарен чоколаден колач со необичен вкус, претходните два дена беше вистинска навалица на купувачи кои правеле залихи од ова вкусно слатко.
Сомнежите за расистичката позадина на швајцарскиот чоколаден Мачмалоу ги покренал анонимен корисник на Твитер, кој почнал дискусија за потеклото на името на овие колачи, како и за корпоративната одговорност, за која мисли дека ги навредува своите купувачи со продажба на Моор’с Хеад. Ова се однесува на хералдичкото прикажување на главата на лице со темна кожа, прикажана со лента на челото, гледајќи од профилот.ма