Забранет абортус и кај силување, инцест и абнормален фетус- Мака мачат жените на Малта – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/20 8:54 PM

Забранет абортус и кај силување, инцест и абнормален фетус- Мака мачат жените на Малта

Забранет е абортусот во сите случаи, пишува британскиот Gardijan, кој донесува приказна на жена од Малта која не успеала да направи прекинување на бременоста со таблетки, кои ги порачала онлајн. Кога заминала во болница не смеела да каже дека земала таблети, бидејќи во таа држава абортусот е забранет во сите случаи и претставува табу тема. Бидејќи абортусот со помош на таблети не успеал, жената била принудена да отпатува во Лондон.

Да се случило тоа само еден месец подоцна, поради коронавирусот таа не би можела да ја напушти Малта. На Малта нарачувањето на таблетки преку интернет моментно е единствен начин за прекинување на бременоста, но и тоа е кривично дело.

Гардијан наведува дека бројот на нарачките на таблетки за прекинување на бременоста е зголемен три пати откако почна пандемијата на коронавирус, бидејќи жените, поради затворање на границите, не можат да патуваат за да во странство абортираат, бидејки во Малта не смее да се прекине бременоста ниту во случај на силување, или инцест, или пак, поради абнормален фетус. .

Законот за забрана на абортус во Малта датира уште од времето на британскиот колонијален период. Според кривичниот закон, секој кој бара помош или помага во абортирањето може да биде осуден на затворска казна до три години.

Извор: b92.net