Тажно: Трудница од Гостивар почина од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/20 5:30 PM

Тажно: Трудница од Гостивар почина од Ковид-19

Пациентка од Гостивар, која имала 31 година и почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од Ковид 19 е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна. Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Веднаш била префрлена на инфективната клиника каде била под надзор на гинеколози, епидемиолози, трансфузиолози и на инфектолози.

-ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега, ни изјави др Иринка Бухова Сотирова, директор на ДЗСИ.

Пациентката од гостиварско е втора бремена жена која по породување односно по гинеколошка интервенција починала од последици на КОВИД 19. Претходно 26-годишна жена од Куманово се породи, а потоа почина на инфективна клиника.

Денеска Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие од корона починале 8 пациенти, а се регистрирани рекордни 196 новозаболени.

Извор: досие.мк