На 12.06.2020 во 23.06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул.„Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен. Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Р.А.(39) од Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Објавено на: 06/13/20 4:39 PM