Исланд веќе 13. Година по ред е најмирна држава на светот, го објави ова во својот извештај Институтот за економија и мир со седиште во Сиднеј.Извештајот на Глобален индекс на мирот објавува секоја година, а ги проценува државите по 23 критериуми собрани во три категории: општа сигурност, милитаризација и меѓународни спорови. На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, а во првите пет се и Австрија и Данска.
Македонија е сместена на 62 место по сигурност на живеење. Од нас полоши се Црна Гора на 69, Босна и Херцеговина на 79, Косово на 85, Турција на 150, Авганистан на последно 163 место. Пред нас од балкаските земји се Хрватска, која е сместена на 26. место, Србија е на 51, а на 24 е Унгарија. Словенија е на високото 11. Место ,
Многу силни држави не можат да се пофалат со својата сигурност. Според табелата Италија е на 31, Шпанија (38.), Англија (42.), Јужна Кореја (48.), САД (121.) а Русија е на 154 место.