Во селото Костиќи кај Књажево, Босна и Херцеговина, мечка прексиноќа во свињарникот на Благоја Будиќ заклала свиња тешка 150 килограми. Штетата е непроценлива за Благоја, чие семејство живее единствено од неговата пензија, пишува „Књажево на дланка“, а пренесуваат и други медиуми.
Жителите на селото подолго време се борат да го одбранат селото и добитокот од мечката, која, изгледа, е голем љубител на свинско.
„И лани се организиравме и се обидовме да ги одбраниме своите имоти. Но, за жал, мечката ни’ однесе три свињи, а уште неколку повреди. Сега повторно се врати“, велат селаните.