Вакцината против Ковид-19 произведена во Данска ефикасна на глувци – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/20 7:11 AM

Вакцината против Ковид-19 произведена во Данска ефикасна на глувци

Вакцината која против Ковид-19 е развиена од истражувачите во Данска, се покажа ефикасна во тестирањата направени кај глувци, јавува aгенцијаta Анадолија,

„Тим на истражувачи од Катедрата за имунологија и микробиологија на Универзитетот во Копенхаген достигна важна пресвртница“, се вели во соопштението на Универзитетот.

Во извештајот се вели дека веќе два месецa тестираат вакцина против Ковид-19 врз модели на глувци и дека резултатите се „ветувачки“.

„Ја тестиравме вакцината врз модели на глувци и постигнавме позитивен имунолошки одговор. Тоа претставува важен чекор“, рече проф. Али Саланти, кој го предводи тимот.

„Откако беа вакцинирани, глувците произведоа големи количества антитела кои можат да го неутрализираат Ковид-19“, се вели во соопштението.

„Истражувачите планираат првите клинички испитувања врз луѓе да ги започнат во текот на следните шест месеци“, се додава во соопштението.