Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Попладне во северозападните и во крајните источни делови ќе има локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8.
Утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со максимална температура до 34 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.