Лисабон е фаворит број еден за организирање на завршната фаза во ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 8:06 PM

Лисабон е фаворит број еден за организирање на завршната фаза во ЛШ

Четвртфинални дуели, во 90 минути, без реванш. Ова е едно од веројатните решенија кои допрва ќе ги донесе УЕФА, а главниот град на Португалија е еден од фаворитите за организирање на завршната фаза од Лигата на шампионите.

Двата прекрасни стадиони, „Естадио да Луз“ и „Естадио Жозе Алвалде“ се понудата на градот Лисабон и шансите за финалните натпревари во ова натпреварување да се одиграат во престолнината на Португалија се навистина изгледни.

Во ваквото сценарио извисен би бил Истанбул, овогодинешниот однапред предвиден домаќин на финалето на Лигата на шампионите за 2019/20 година, но УЕФА размислува да компензира со тоа што некоја од следните сезони повторно ќе му ја додели честа на градот на Босфорот. Потенцијалниот датум за финалето е недела, 23 август, а сите мечеви ќе бидат одиграни претходно во десеттина дена.
Германски град пак, најверојатно Франкфурт или Дизелдорф, ќе биде домаќин на завршната фаза од другото по квалитет натпреварување, Европа Лига.