Угостителите во Кавадарци во знак на протест ги затворија своите објекти – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 7:36 PM

Угостителите во Кавадарци во знак на протест ги затворија своите објекти

Во знак на револт поради рестриктивните мерки во работењето угостителите во Кавадарци вечерва во 19 часот ги затворија своите објекти. Најавија дека нема да работат се додека не бидат повикани на преговори,  со цел да се изнајде начин за нормално функционирање на рестораните, кафулињата и останатите објекти.

 „Со цел да бидеме разбрани од нашите сограѓани – гости и од надлежните органи и  со цел да го изразиме нашиот револт од константниот притисок на инспекциските служби,  едногласно решивме да ги затвориме нашите објекти. И покрај забраната за работење од 9 недели почнавме со ограничен капацитет само на летни тераси за кои претходно не бевме информирани.Се соочивме и  со намалено работно време и ограничен број на гости. Ограничувањето за премин од втора во трета фаза досега не е реализирано. Очекуваме во рок од 24 часа да бидеме повикани од надлежните институции да разговараме за олабавување на мерките и повторно отворање на објектите,  со нови издржани протоколи. ” изјави претседателот на здружението „Тиквешки угостители” од Кавадарци, Дано Белевски.

 

Ангел Данов