ДИК нема здравствен протокол – како ќе се гласа, како ќе се оди кај болните од ковид? – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 3:46 PM

ДИК нема здравствен протокол – како ќе се гласа, како ќе се оди кај болните од ковид?

Многу отворени прашања за избори во време на корона беа покренати на попладневната седница на Државната изборна комисија. Дописот од Комисијата за заразни болести, дел од членовите на ДИК не го сметаат за протокол, со кој точно се опишува како се влегува на гласачкото место, како се постапува од страна на избирачките одбори, но и како ќе се оди кај лицата во изолација или кај болните од ковид, кои ќе се пријават за гласање од дома.

-Немаме протокол за тоа како ќе се гласа, освен тоа што имаме информација дека ќе треба да имаме маска, ракавици и дезинфекционо средство. Самата постапка – опишана, како ќе гласаат болните, лицата во изолација, самиот протокол го немаме добиено, односно точните правила на гласање. Она што го добивме е премногу општо, изјави Елизабета Постоловска.

На барање на ДИК од Комисијата за заразни болести им било испратено писмо со препораки. Разликата ја објасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

-Нам не ни требаат препораки, ни треба протокол. Протокол е друг тип на документ, кој што обврзува и сноси одредена одговорност, изјави претседателот Дерковски.

Од ДИК побарале од владата писмено  да им се испари протокол, официјален документ,  кој е потребен поради тоа што треба да се преточи во акти на ДИК, кои ќе бидат задолжителни за изборните органи и за сите учесници во изборите.

Од ДИК размислувале околу проширување на просторот, кој се користи за гласање, односно таму каде ќе има потреба од проширување, во функција на обезбедување на пропишаните здравствени мерки.

ДИК информира дека почнале со работа на ажурирање на Избирачкиот списк со впишувањња на лица кои имаат важечки документи и наполнети 18 години, а побарале и податоци за умрените.

На новинарско прашање дали 22 дена се доволни за организирање на избори, претстадателот Дерковски рече дека времето не е доволно, но ДИК секогаш е подготвена за избори.